Голф Р кабрио со 265 коњски сили

Од:

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ го претстави новиот „Голф Р кабрио“, со 265 коњски сили и максимална брзина од 250 километри на час.

Голф Р кабрио е опремен со 2,0 литарски мотор, што испорачува 265 коњски сили преку стандарден шестстепен менувач, на предната оска. Брзината е електронски ограничена на 250 километри на час, додека забрзувањето од 0 до 100 километри на час го постигнува за 6,4 секунди.

Покривот на Голф Р кабрио се спушта за 9,5 секнуди и крева за 11 секунди при брзина до 30 километри на час.

Голф Р кабрио во продажба ќе се најде од пролет со цена од речиси 45.500 евра, додека цената на стандардниот Голф кабрио ќе се движи околу 25.000 евра.

МИА

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on