Голф-е на Саемот во Женева

Од:

„Фолксваген“ ги објави првите фотографии од новиот Голф што како погон ќе користи исклучително електрична енергија.

Автомобилот под има „Голф-е“ ќе биде официјално претставен на Саемот на автомобили во Женева 2013.

„Фолксваген“ најави електрична верзија на Голф уште во 2010 година, додека беше актуелна шестата генерација на овој модел. Во меѓувреме, на пазарот се појави Голф VII, така што технологијата на електричен погон е преместена на новиот модел.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ објави, дека Голф-е е опремен со електромотор, кој развива 115 коњски сили. Силата се пренесува на предните тркала, а автомобилот од 0 до 100 километри на час развива за 11,8 секунди.

Максималната брзина е ограничена на 135 километри на час, со цел да се заштеди енергијата, што би се користела за дополнително забрзување.

Електричната енергија се добива од литиум-јонски батерии со капацитет од 26,5 киловат часа, кои се наоѓаат под задните седишта на автомобилот. Електричниот Голф од стандардниот модел е потежок за 205 килограми.

Полнењето на батериите со брз полнач трае 20 минути, а за целосно полнење на стандардна домашна инсталација потребни се пет часа.

Со едно полнењ на батериите може да се поминат до 175 километри на час, во зависност од условите на патот и стилот на возењето.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска