Големи загуби во производството на либиската нафтена корпорација

Од:

Либиската Национална нафтена корпорација денеска соопшти дека, поради присилното прекинување на нејзината работа, од јануари производството на нафта ќе биде намалено за 650.000 барели дневно се до 2022 година.

Британските медиуми пренесуваат дека на почетокот на оваа година, дневното произведство на нафта изнесуваше околу 1,2 милиона барели. Запирањето на производството досега предизвика загуба од 6,5 милијарди американски долари, а беше предизвикано од блокадата на нафтените полиња на истокот на земјата од силите вклучени во граѓанската војна.

До 2022 година ќе бидат преполовени приходите доколку под итно не се продолжи со производството на нафта и доколку државата не го обезбеди потребниот буџет, наведуваат од нафтената корпорација.

Централната банка на Либија, со седиште во Триполи, објави дека блокадата досега предизвика загуба од седум милијарди долари, што е за 85 проценти помалку средства во буџетот отколку во истиот период минатата година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста