Голем раст на производство на лекови во Кина

Од:

Се очекува дека производството на фармацевстката индустрија во Кина до 2020 година да достигне вредност од 1,5 милијарди долари.

Биомедицинската индустрија во Кина лани забележала голем раст и напредок. Експертите проценуваат дека ако развојот на таа гранка продолжи со ова темпо, Кина за 15 години може да стане трет најголем производител на лекови во светот.

Биомедицината не цвета никаде на светот како во Кина. Кога владата на таа држава пред три години издвои 40 милијарди долари за развој на биомедицината, не ни можеа да сонуваат дека вредноста на таа гранка денес ќе прерасне во бројка од 300 милијарди долари. Експертите сметаат дека за тој раст постојат неколку причини.

– Големите инвестиции на Кинеската влада во областа на биомедицината, зголемениот животен век на кинеските граѓани, зголемените плати и ефикасниот систем за здравствено осигурување доведоа до експанзија во биомедицинската индустрија – истакна научникот Лиу Танг Јунг.

Антивирусни лекови

Во Кина последните години е забележан енормен напредок во иновацијата и производството на тераписки вакцини и антивирусни лекови. Се поголемата побарувачка за производи во земји со над милијарда луѓе ги поттикна иновациите.

– Кина во изминатата деценија имаше проблеми со појава на вируси кои предизвикаа болести од типот САРС и птичји грип, што Владата ја поттикна да инвестира во истражувања и иновации на нови вакцини и начин на лечење на болестите – вели лекарот Лиу Јонг Шен.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски