„Голдман Сакс“ го проширува своето седиште во Франкфурт

Од:

Финансискиот гигант „Голдман Сакс“ соопшти дека склучил договор за закуп за нов канцелариски простор во Франкфурт, нагласувајќи дека се решил на ваквиот потег поради „се поголемата привлечност на германскиот финансиски центар“.

– „Голдман Сакс“ потпиша нов договор за закуп на горните катови од новиот бизнис центар „Мариентурм“ во Франкфурт, што во моментов е во изградба, се наведува во соопштението банката чија европска централа сега се наоѓа во Лондон.

Во соопштението се додава дека десетте илјади квадратни метри кои ќе ги држи американската инвестициска банка во облакодерот „Мариентурм“, ќе овозможат вработување на нови 800 лица, покрај 200-те постоечки во сегашната филијала во Франкфурт.

„Голдман Сакс“ претходно соопшти дека има намера да префрли 1.000 свои вработени од Лондон во Франкфурт, како реакција на одлуката на Велика Британија за излез од Европската унија.

Финансиската компанија наведе дека ќе префрли речиси половина од своите 6.500 вработени од Лондон, во неколку филијали во градовите од ЕУ, меѓу кои и Даблин, Париз и Варшава.

„Голдман Сакс“ во моментов е во процес на изградба на ново европско седиште во Лондон, но ја задржа опцијата да го издаде просторот, што сепак на крајот нема да и биде потребен.

Компанијата во повеќе наврати побара од британските политичари да преговараат за повеќегодишен транзициски период за излез од ЕУ, со цел да се ублажат економските последици од Брегзит.

Досега Франкфурт се наметна како предводник меѓу европските градови кои се натпреваруваат за да станат нов европски центар на финансискиот гигант, што ќе се сели од Лондон.

Лоби групата „Франкфурт Мејн Фајнанс“ тврди дека дури 20 финансиски институции ќе се преселат во Франкфурт.

Големите светски банки, меѓу кои се и „Ситигруп“, „Дојче Банк“, „Унион банк де Свис“ (УБС), како и јапонските „Номура“, „Даива“ и „Сумитомо Митсубиши“ веќе најавија дека планираат да отоворат свои претставништва во Франкфурт.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“