Годинава 5.000 тони повеќе тутун, цената 14 денари повисока

Од:

Вкупно 25.095 тони тутун се преземени досега, 10 дена дена пред завршување на законскиот рок за откуп, што е 5.000 тони повеќе од првичните проценки за целата реколта 2016.

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), постигната е просечна цена од 196,82 денара за килограм или 14 денари повеќе од ланската која изнесуваше 182 денара.

Исплатата за преземениот тутун е 98 отсто реализирана или досега се исплтени 4,848 милијарди денари.

Годинава тутун откупуваа девет претпријатија на вкупно 130 пунктови. Се очекуваше да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Поголемиот дел од пунктовите се веќе затворени, но според Законот, ако некои производители дополнително пријават количини, откупното претпријатие одредува ден кога ќе го отвори пунктот за да го преземе преостанатото количество тутун.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше