Годинава 200 милиони килограми грозје

Од:

Годинава се очекува родот на грозјето да достигне 200 милиони килограми но, во одредени региони, поради сушата, производството ќе биде намалено, смета Диме Златев, експерт за лозарство.

Според него, насадите се во добра состојба, а квалиететот на грозјето извонреден.

– За разлика од ланските околу 100 милиони килограми винско грозје во Тиквешко, годинава се очекуваат околу 80 милиони. Десертното ќе го има околу 20 милиони килограми само во Тиквешијата, рече Златев.

Моментно се берат трпезните сорти, а за неколку дена ќе стартува и бербата на винските сорти грозје.

– Лозарите очекуваат за квалитетно грозје да добијат добра цена и солидни услови на плаќање, вели Златев.

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за лозарите

Ана Ололовска

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето

Горан Наумовски

Ковачевски: Постигнато историско зголемување на откупната цена за грозјето од 30%, земјоделството е приоритет во време на криза

Ана Ололовска

Расте откупната цена на грозјето, годинава за 30% повисоки цени за вранецот и смедеревката

Ана Ололовска

Николовски: Историска поддршка за малите винарии, прифатено 61 барање за грантот до 10.000 евра

Ана Ололовска