Глобална недела на претприемништвото: Со добра идеја, знаење и упорност до сопствен бизнис

Од:

Информатичката технологија, маркетингот, менаџментот и изработувањето реклами, се најатрактивните сфери за младите кои одлучиле да почнат сопствен бизнис. Но, освен идеја, порачуваат претприемачите, за успешна реализација на замисленото, неопходни се и знаење и многу упорност.

– Претприемништвото е движечка сила на секоја национална економија, обезбедува корист на општествено и на индивидуално ниво, промовирајќи одржлив раст и развој. Претприемачите не само што сами се вработуваат, туку истовремено креираат и работни места со што играат важна улога во економскиот и општествениот живот, рече министерот за економија Ваљон Сарачини кој ја отвори Глобалната недела на претприемништвото.

Сарачини напомена дека поттикнувањето на претприемништвото како способност на поединецот, е повеќе од потребно во Македонија особено сега, во услови кога светот се соочува со финансиска криза.

– За почнување бизнис е најбитно да се има идеа, голема желба за некоја конретна работа. Тоа е основното. Финансисиите се резултат на реализираното потоа, оствареното, вид награда за вложениот труд. Претходно мора вредно и упорно да се работи. Секако, неопходно е и знаење, но клучно за успех е да се биде упорен. Погрешно е да се мисли дека најпрво се потребни финансии, изјави Филип Арсов, претприемач, и еден од менторите на заинтересираните млади учесници во Глобалната недела.

Аросв ја поздравува секоја владина поддршка за претприемништвото, но средствата во овој сегмент, како што рече, никогаш не се доволни.

– Ова е одлична младите да најдат вработување, да стекнат знаења и искуства од луѓе кои постигнале голем успех во кариерата. Секако е и прилика за да не поттикнат во желбата за почнување сопствен бизнис, Елена Димоска од Македонски Брод, дипломиран економист, чија идеја е отворање сопствен бизнис.

Глобалната недела на претприемништво е најголемиот светски настан за промоција на претприемништвото меѓу младите луѓе. Од 12 до 18 ноември милиони луѓе ширум светот учестуваат на настаните организирани по овој повод во стотици градови.

Македонија, како член на ова движење од 2008 година, исто така се вклучува во активностите кои имаат за цел да ги поттикнат, инспирираат младите луѓе за основање сопствена компанија со што ќе дадат придонес кон развојот на економијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница