Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Од:

Од 16 до 22 ноември годинава виртуелно ќе се одржи Глобалната недела на претпримништво (ГНП), еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништво, зајакнување на партнерства и основање нови релации за подобрување на условите за развој на претприемништво во сите земји.

Оваа година четирите теми на ГНП се стекнувањето претприемачки вештини во рамки на формалното и неформалното образование, инспирирањето на заедниците и организациите да остваруваат подобра соработка која ќе овозможи основа на претприемачите за скалирање на нивните бизиси, намалување на бариерите за основање бизниси особено за младите и жените т.е. поттикнување на инклузивноста во бизнисот и квалитетно креирање политики како соработка меѓу екосистемот и Владата.

Домаќин на Глобалната недела на претприeмништво во земјава е асоцијацијата Стартап Македонија, а настанот може да се следи на Facebook #GEW2020 #innovation LinekdIn #GEWInclusion #startups Twitter #GEWЕducation #entrepreneurships Instagram #GEWPolicy #GEWEcosystem.

Би можело да ве интересира

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприeмништво

Жарко Настоски

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

380 компании заинтересирани за грант за брзо закрепнување од Ковид-19, предност имаат раководените од жени

Маја Илиевска-Пачемска

Агенцијата за претприемништво објави јавен повик за менторски услуги

Ана Ололовска