Глобал Тајмс: Кина нема да „игра само одбрана“ во трговската војна

Од:

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека Владата ќе одговори ако САД воведат нови царини пред очекуваната објава од американскиот претседател Доналд Трамп за нови царини за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари.

Портпаролот на Министерството Генг Шуанг изјави дека какви било разговори меѓу двете држави треба да се одржат на рамноправна основа. Кина нема да биде задоволна само со тоа да игра одбрана во се посилната трговска војна со САД, објави „Глобал тајмс“. Пекинг, исто така, може да одбие да соработува во предложените разговори со Вашингтон овој месец, ако администрацијата на Трамп продолжи со дополнителни царини, објави Волстрит џурнал, цитирајќи кинески официјални претставници. Во извештајот на весникот се пренесува изјава на кинески претставник кој вели дека Пекинг нема да преговара со „пиштол вперен во нивната глава“.

САД и Кина меѓусебнио наплаќаат царини на стоки во вредност од 50 милијарди долари. Во текот на викендот западни медиуми јавија дека Трамп нови царини за Кина може да воведе веќе од денеска.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски