„Гленкор“ го продава својот удел во Руснефт по 20 години

Од:

Швајцарската нафтена компанија „Гленкор“ ќе го продаде својот удел во „Руснефт“, со што ќе стави крај на дводецениските инвестиции во време на затегнати односи меѓу Русија и Западот поради Украина и закани со санкции против Москва, кои би можеле да ја опфатат и руската нафта.

„Гленкор“ ја подготвува продажбата со години, а беше објавена во декември минатата година. Денеска најави дека ќе ја склучи во првата половина од годинава, откако регулаторот ќе даде одобрение.

Најавата за продажба на удел во руската компанија се совпадна со најголемите тензии во односите Москва-Запад од крајот на Студената војна, што ги натера западните компании да ја намалат својата изложеност на руските средства.

„Гленкор“ не ја наведе причината за продажбата, а не го откри ниту купувачот, ниту вредноста на трансакцијата.

„Руснефт“ произведува околу 130.000 барели нафта дневно, а се најде во тешка позиција откако минатата година Европската унија го казни нејзиниот поранешен сопственик Михаил Гуцериев за блиски врски со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Санкциите го отежнаа извозот на нафта на „Руснефт“, па „Гленкор“ не ја купуваше неколку месеци.

Швајцарската компанија му помогна на Гуцериев да го изгради „Руснефт“ во една од десетте најголеми нафтени компании во Русија во раните 2000-ти, финансирајќи го нејзиното проширување во замена за правата за извоз на нафта.

Договорот му помогна на Гленкор, еден од трите водечки светски трговци со нафта, да пласира големи количества руска нафта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски