„Гласен текстилец“ ќе го оспори Законот за недела неработен ден

Од:

Класична манипулација е законот недела неработен ден за работниците, оцени Кристина Ампева од „Гласен текстилец“-Штип, кое како здружение низ годините бараше и е иницијатор за прогласување на недела неработен ден.

Освен 37 дејности кои можат да работат во недела, во законот нема дадено и автентично толкување за фирмите кои имаат карактер на придружни или помошни дејности, кои можат да работат во недела.

-Во приватниот сектор ние немаме евиденција за работно време и затоа сметам дека ова сега што се продава од страна на Сојузот на синдикати, како социјален партнер, е само продавање магла. Значи, недела не е неработен ден, туку ќе биде работен ден и тоа за многу дејности, дополнително е и што нема автентично толкување, кои се тие помошни, придружни дејности. Можат да произлезат уште 100 од нив и фактички ќе биде легално прекршување на работничките права во име на профитот, вели Ампева.

Забележува дека како „Гласен текстилец“ се труделе недела да биде навистина неработен ден и овој Закон не го гледа како подобрување на работничките права, туку спротивното. Очекува злоупотреби од страна на одредени работодавци, каков што и беше примерот со злопоупотребата на субвенциите за плати во првите сет-мерки, а истите фирми си продолжуваат и во петтиот и остануваат неказнети.

Решение за компаниите навистина да го почитуваат недела неработен ден е конечно да се поврзат електронски за евиденција на работното време со УЈП, дотогаш, според Ампева, ова е класична манипулација. Порача дека „Гласен текстилец“ заедно со други здруженија и синдикати ќе го оспори Законот на Уставен суд.

Би можело да ве интересира

Синдикатот е против враќањето на „работна“ недела

Стопанската комора сака средба со синдикатите за „недела неработен ден“

Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници

А1он

Ампева: Основан е нов синдикат „Гласен Синдикат за работниците“

„Гласен Текстилец“ има примено над 2.000 преставки за исплата или неисплата на К-15

Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Предраг Петровиќ