„Гласен текстилец” бара ССМ да каже кој е најнискиот износ за исплата на К-15

Од:

Стогодишниот синдикат својата неспособност ја крие со напади на организации и институци. ССМ да прекинат со лаги и манипулации со работниците и да кажат кој е најнискиот износ за исплата на К-15, ако фирмата има деловни потешкотии, реагираше Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ во реакцијата на соопштението од Сојузот на синдикати на Македонија во кое беше потенцирана обврската за исплата на регрес за годишен одмор.

– Работниците знаат многу добро кој ја кажува вистината, а кој крие и дава нецелосни изјави, оти не им одговара. Знаат работниците најдобро колку е износот кој го земаат секоја година, а која е „благодарение“ на ССМ што оставиле врата за манипулации во колективниот договор. Да, К-15 мора да се исплати. И ние тоа го потенцираме. А синдикатот да излезе пред работниците од приватниот сектор и да објасни зошто е дозволена исплата од 100 денари во име на К-15. Кој го дозволил тоа? Ние сигурно не, се вели во соопштението од „Гласен текстилец”-Штип.

Во него се наведува дека ССМ треба да се погрижат за своите членови кои им плаќаат членарина 30 години, а како што велат од „Гласен текстилец“ К-15 земаат со години во износ од 100 денари и плати од два денари.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра