Ѓорѓиевски: Заев не негираше дека компанијата на неговиот брат „Тотал Инжинеринг“ располагала со механизација за ископ и превоз на јаглен

Од:

„Власта започна сама да се плетка во сопствената криминална мрежа. Од позициите кои ги застапуваа пред некој ден дека немаат ништо фирмите на Заев со ископ и превоз на јаглен, вчера ретерираа и дојдоа до ставот дека сепак имаат механизација но дека истата наводно ја продале.

Премиерот Заев не негираше дека во минатото компанијата на неговиот брат „Тотал Инжинеринг“ располагала со механизација за ископ и превоз на јаглен“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистинските прашања на кои јавноста заслужува одговор се следниве:

Ако „Тотал Инжинеринг“ продала опрема за ископ и превоз на јаглен, кому ја продала?

Дали продажбата е извршена на компанијата „СВ – Инвест“ за која постои сомнеж дека камиони со налепници на оваа фирма, а кои се во сопственост на братот на Зоран Заев, Вице Заев вршат превоз на јаглен?

Нема исто така одговор на прашањето, што бараат струмички регистерски таблици, на битолска фирма „СВ – Инвест“ чиј сопственик е со адреса на живеење во Охрид?

Дополнително знаеме дека компанијата „СВ – Инвест“ има добиено работа од РЕК Битола за ангажирање на работници. Договорот е склучен во 4 очи. И висината од овој договор изнесува 21 милион и 240 илјади денари.

Паралелно на оваа постапка во четири очи се одвивала и тендерска постапка за истата работа за која е објавен јавниот повик, но истата поради како што е наведено битна повреда во тендерската документација АД ЕЛЕМ ја поништило на 16.3.2018 година, односно 14 дена по склучувањето на договорот во четири очи, за слободно да може да се ангажираат лица преку фирмата „СВ – Инвест“.

Според информациите кои дојдоа до нас според договорот на „СВ – Инвест“ ќе и бидат исплаќани 197 денари за работник од час, и тука исто така постои сомнеж кој треба да се расветли дека на работниците ќе се исплаќаат само 97 денари, односно 100 денари помалку од сумата која што ја добила фирмата „СВ – Инвест“. Раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори каде ќе заврши разликата од цената која и се исплаќа на компанијата и цената која треба таа да ја исплаќа по работник, односно каде завршуваат 100-те денари разлика?“, праша Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Катерина Ѓуровски

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа