Ѓорѓиев: Околу 100 милиони евра за реконструкција и изградба на патишта во 2013

Од:

Владата годинава ќе вложи окoлу 100 милиони евра во изградба и реконструкција на патиштата низ целата држава, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Со Програмата за изградба и реконструкција на локални и регионални патишта во 2013 година се планира изградба и реконструкција на 133 локални патишта со должина од 162 километри во 70 општини низ државата за што се наменети 17 милиони евра,  како и 11 регионални патишта со должина од 160 километри во што ќе бидат вложени 30 милиони евра.

Продолжувањето на интензивните инвестиции во патната инфраструктура преку изградба, реконструкција и модернизација на патиштата според Ѓорѓиев  ќе значи придобивки и за граѓаните и за вкупниот економски развој на државата, а особено за градежниот сектор, за кој се отвора простор за поголем  обем на работа и отворање работни места.

– Патиштата ќе се градат и реконструираат низ целата територија на државата, во секоја општина независно од составот на населението, нејзината големина или пак политичката припадност на градоначалникот, нагласи Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи