По една деценија, се чини дека носталгија по германската марка се повеќе се чувствува што значи дека таа е далеку од тоа дека е заборавена.
„Тоа беше валута, а не ова еврото што и покрај се што се прави за него само скока горе – долу“, велат многумина.
Но, иако сите ние побрзавме да ги замениме оние германски пари што ги имаме во денари или во евра, таа, „марката“ си остана жива и ден денес е валидна.
Во Германија се уште може да се купи и плати во оваа „стара“ валута, а се употребуваат и металните парички. Дури 90 проценти од телефонските говорници на улиците во германските градови, во сопственост на „Дојче телеком“, ги прифаќаат овие монети.
Рок до кој марката треба да престане да се користи и да се замени со еврото во Германија никогаш не е договорен. Додека другите земји кои станаа дел од еврозоната, ја испратија својата валута во историјата, Германците се уште дозволуваат нивната поранешна валута да се менува со евра, а девизниот курс е 1:1,95 марки.
Иако од 1. јануари 2002 година беа променети со евра, во Германија се „живи и здрави“ околу 13,2 милијарди марки кои фунционираат во секојдневниот промет.