Германската економија отпорна на негативните светски трендови

Од:

Бруто домашниот производ на Германија пораснал за 0,3 проценти во последниот квартал на последната година со што таа покажува отпорност од економското забавување и негативните трендови на светско ниво, јавува дописникот на МИА од Белрин.

Според Федералната канцеларија за статистика во Визбаден нивото на раст на економијата во периодот Октомври – Декември 2015 година е на исто ниво како претходните три месеци со што вкупниот раст за цела претходна година во најсилната европска економија е на ниво од 1,5 %.

– Германската економија ја заврши 2015 со пристоен раст, а 2016 година би можела да биде со поголеми предизвици, вели Карстен Бржески аналитичар на банката ИНГ – Диба во Франкфурт според кого главни ризици за Германија оваа година ќе бидат забавениот раст во Кина, проблемите во Еврозоната, ниската цена на нафатата и можното ослабување на економијата во САД.

Растот на германската економија во последниот квартал на 2015 година се должи на зголеменатата домашна побарувачка, поголемото владино трошење поради бегалската криза, како и зголемени инвестиции и градежништво, а главен негативен фактор е намалениот извоз за сметка на увозот на странски производи. Германија како најбогата и еконосми најсилна членка на Еврозоната од која што во најголема мера зависи растот во Европската унија оваа година ја започна со влошена статистика во индустриското производство , зголемени плати за 2,5 % и рекордни ниска невработеност.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски