Германија со неочекуван раст на БДП во првиот квартал

Од:

Најсилната европска економија, германската, во првите три месеци од годинава оствари раст од 0,6 проценти во споредба со минатата година, јави дописникот на МИА од Берлин.

Податоците од германската Агенција за статистика покажуваат дека растот на бруто домашниот производ (БДП) на Германија во периодот од јануари до март 2017, првенствено се должи на растот на инвестициите во опрема и градежништвото, благата клима, зголемениот извоз и поголемата потрошувачка на граѓаните и Владата.

– Економијата продолжува да го користи „допинг коктелот“ предизвикана од малите каматни стапки, ниски цени на енергенсите и зголеменото ниво на извоз на германски производи, изјави денеска директор на Германската асоцијација на трговски и индустриски комори, Мартин Ванслебен.

Ванслебен истакна дека бројните ризици како заканите за протекционизам од страна на претседателот на, САД Доналд Трамп и неизвесноста од преговорите за Брегзит, засега не можат да го запрат растот на германската економија.

Според него, германските компании ги зголемуваат инвестициите во нова опрема со цел да ги искористат можностите од дигитализцијата и со тоа остануваат конкурентни на меѓународните пазари на кои настапуваат со иновативни производи.

За споредба, француската економија која е втора најсилна во Еврзоната, во првите три месеци има раст од 0,3 отсто, а Италија како трета европска економија забележа раст од 0,2 проценти. Велика Британија, која во последниот квартал од минатата година имаше раст од 0,7 отсто, во првите три месеци од годинава БДП-то се зголеми за 0,3 проценти.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ