Германецот Ернст фон Фрајберг на чело на банката на Ватикан

Од:

Германецот Ернст фон Фрајберг, адвокат и член на Малтешкиот ред, денеска беше назначен за прв човек на банката на Ватикан, која нема раководител по разрешувањето на претходниот гувернер Еторе Готи Тедески во мај минатата година.

Одлуката беше донесена од специјална надзорна комисија при Институтот за верски активности, што е официјаното име на банката, по „суштинска оценка и серија разговори во период од неколку месеци“. Папата ја дал својата согласност за неговото именување, се наведува во соопштението на банката.

Претходниот гувернер Тедески беше разрешен поради нарушување на стандардите на управување.

Ватиканската банка е основана во 1942 година од папата Пиј Дванаесетти. Банката беше во фокусот на јавноста во 2010 година, кога италијанските иследници почнаа истрага за перење пари. Тогаш беа замрзнати нејзини активи од 23 милион евра во италијанските банки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

Сите кардинали пристигнаа на конклавата за избор на нов папа, мораа да ги предадат телефоните

А1он

Кардиналот Чавез вели: Потребен ни е „Франциск 2“

ВИДЕО: Ватикан се подготвува, поставен оџак на Сикстинската капела

Катерина Ѓуровски

Кардиналот Анџело Бечиу се повлече од изборот за нов папа

Ројтерс: Конклавата започнува на 7 мај