Германците дадоа зелено светло за гасоводот „Северен ток 2“

Од:

Русија доби дозвола за изградба на гасоводот „Северен ток 2“ на германска територија. Проектот ќе ја зголеми испораката на гас од Русија за Германија.

„Дозволата е резултат на обемниот процес на планирање и консултации. Северен ток 2 е свесен за својата одговорност и за чувствителноста на ова прашање. Покрај самото влијание на околината, ние ги разгледувавме и другите аспекти како што се поморската и туристичката индустрија“, изјави Џенс Ланге менаџер одговорен за гасоводот кој ќе се гради во Германија.

„Северен ток 2“ и понатаму треба да добие дозвола од другите земји низ чии територијални води би требало да пројде гасоводот. Тоа ги вклучува Финска, Шведска и Данска. И покрај бројните оспорувања на гасоводот, Гаспром верува дека изградбата на проектот би требало да заврши до крајот на 2019 година.

Би можело да ве интересира

Мерц: Европа ја „напаѓа Москва“

За Кремљ избори во Романија се многу „чудни“

Захарова: Украина да одлучи дали ќе ги продолжи преговорите

Москва: Ѓаволот е во деталите

Калас: Усвоен е 17-тиот пакет санкции против Русија, нашиот одговор ќе биде уште построг

Горан Наумовски

Писториус: Путин не е заинтересиран за мир, поставува свои услови и само сака да купи време