Герхард Шредер ќе раководи со гасоводот „Северен поток 2“

Од:

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој ја водеше Владата во Берлин во периодот од 1998 до 2005 година, е новиот прв човек на гасоводот „Северен поток 2“, кој треба да носи руски гас во Германија и во други делови на Европа.

Весникот „Тагесшпигел“ денеска објави дека компанијата „Северен поток 2 АГ“ го потврдила именувањето на Шредер.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Шредер во последниве 10 години, веднаш по заминувањето од канцеларската позиција, беше претседател на Собранието на акционери на компанијата, поради што дел од германската јавност го обвинуваа за судир на интереси.

Северен Поток

Компанијата „Северен поток 2 АГ“ е во доминантна сопственост на рускиот енергетски гигант „Газпром“. Гасоводот „Северен поток 2“ е проект, кој „Газпром“ го реализира заедно со две германски и по една холандска и француска компанија.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил