Георгиевски: Нов модел на субвенции и повеќе инвестиции за зголемено домашно земјоделско производство

Од:

Владата предводени од СДСМ и надлежното министерство преземаат навремени и ефикасни мерки за стабилизирање и унапредување на домашното земјоделско производство. Навремено и пред почетокот на негативните последици од светската економска криза, презедовме конкретни мерки и го донесовме Националниот план за производство на храна, за да го зголемиме домашното производство рече на прес конференција гоце Георгиевски од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

– Преку интервентниот фонд ги помогнавме производителите на житни култури во набавката на вештачко ѓубриво и досега оваа мерка ја искористиле 6.815 корисници за кои е исплатена поддршка од 112,9 милиони денари. Со цел поддршката за земјоделците да стане уште поефикасна и уште понавремена, Владата предводена од СДСМ пристапи кон нов модел на субвенционирање, кој ќе започне следната година.Создаваме организиран систем каде ги ставаме сите чинители, намалувајќи ја можноста за плаќање во готово, спречувајќи ја сивата економија, односно систем кои има зголемен обем на контроли и кој гарантира поголемо производство на домашна храна вели Георгиевски.

Во пракса тоа би значело дека земјоделците преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството би добивале основна субвенција која би се исплаќала авансно, а ќе биде наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба.

– Оваа субвенција би ја добивал секој земјоделец кој обработува земјоделска површина, посее едногодишна култура или одржува траен насад, поднесе барање и воедно ги исполнува пропишаните минимум критериуми без услов за предадено производство. Можност за авансна исплата на дел од основните субвенции се предвидува и кај сточарството. Дополнителната субвенција ќе следува за стратешки утврдените култури и производи и таа ќе е врзана со остварен принос, но и со предавање на своето производство во регистрирани домашни капацитети или ако своето производство го искористат за сопствено производство на финален производ вели Георгиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски