Газпром ќе повлекува вработени од својата канцеларија во Лондон

Од:

Руската компанија Газпром најави дека ќе повлече стотици службеници поставени во странски држави, пред се во Британија, и ќе ги премести нивните работни места во Санкт Петерсбург.

Најавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Британија и Русија, по нападот со хемиско оружје врз поранешниот руски таен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка, кои пребегаа во Британија. Британската Влада ја обвини Русија за нападот во градот Салисбури.

Најголемата канцеларија на Газпром надвор од Русија е во Британија, со околу 1.000 вработени. Газпром има вкупно околу 2.000 луѓе вработени во канцелариите во Лондон, Париз, Хјустон, Сингапур и низ Германија.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година