Руската компанија „Газпром“ и хрватската компанија за дистрибуција на гас „Плинкро“ денеска во Загреб потпишаа план за реализација на проектот „Јужен поток“ во Хрватска.
Во Хрватска гасоводот ќе биде со должина од сто километри и неговата изградба ќе чини 60 милиони евра.
Планот предвидува и создавање на локална фирма „Јужен поток Хрватска“ со еднакво учество на „Газпром“ и на „Плинкро“, која ќе биде вклучена во изградбата на гасоводот во периодот од 2013 до 2016 година. Гасоводот ќе биде од Сотин до границата на Србија.
Предвидено е низ тој гасовод да се дистрибуираат 2,7 милијарди кубни метри гас годишно.