„Газпром“ го зголемува својот капитал во гасниот сектор на Турција

Од:

Руската енергетска компанија „Газпром“ до антимонополската комисија го поднесе барањето за стекнување удел во турската трговска компанија „Акфел Газ“, со што ќе стане најголемиот гасен монопол во Турција.

Во август 2012 година „Акфел Газ“ склучи 30-годишен договор за снабдување на Турција со 2,25 милијарди кубни метри гас, почнувајќи од 1 јануари 2013 до 31 декември 2045 година.

Кон крајот на 2014 година „Газпром“ потпиша меморандум со турскиот државен енергетски оператер „Ботас“ за изградба на гасовод преку Црно Море за Европа, со што ќе ја заобиколи Бугарија и ќе го замени „Јужен тек“.

Соопштено е дека Турција би можела да добие дополнителен попуст за рускиот гас.

Истовремено, Европска комисија ја поддржува изградбата на гасен јазол во Бугарија, по откажувањето од проектот „Јужен тек“.

Потпретседателот на Европската комисија за енергетика Марош Шефчовиќ, сепак, напоменува дека пред отворањето на ваков центар во Бугарија е „потребно многу нешта да се направат“.

По откажувањето на Русија од „Јужен тек“, еден број заинтересирани европски земји ја обвинија Бугарија дека под притисок на Вашингтон и Брисел ја „минира“ изградбата на овој проект, при што си нанесе штета во приходите од милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ