Газдите по зголемувањето на минималецот: Работниците мора да си ги заслужат и одработат платите

Од:

Бизнис-заедницата вети дека ќе ги почитува законските одредби кои произлегуваат од социјалниот дијалог со Владата и работниците, односно од покачувањето на минималната плата од март на 20.175 денари, но оттаму потенцираат дека работниците ќе мора да си ја заработат платата.

– Минималната плата не треба да биде мотив, таа треба да биде плата само за најниското ниво на работници. Нашите работници мора да имаат повисоки плати, но мора да си ги заслужат и да ги одработат, а ние соодветно да ги наградиме.

Организацијата на работодавачи поддржува системски решенија и се стреми да ги награди добрите работници. Ние со нашите партнери во економско-социјалниот совет ги поддржуваме добрите работници и се стремиме тие да имаат добра куповна моќ. Мора да разговараме во друга насока, а тоа е да имаме попродуктивни работници и да имаме млади луѓе кои ќе сакаат да работат во приватниот сектор и да живеат тука – изјави претседателката на Организацијата на работодавачи Владанка Трајковска после одлуката на економско-социјалниот совет во Владата да се покачи минималната плата согласно законското решение за раст на минималецот донесено лани.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ