Гаско: Норвешка очекува рекорден извоз на гас оваа година

Од:

Норвешкиот систем за извоз на гас треба да испорача рекордни количини енергија во Европа оваа година, по паузата во септември заради одржување, изјави денеска шефот на операторот на гасоводниот систем Гаско.

Норвешка стана најголемиот снабдувач на гас во Европа оваа година, престигнувајќи ја Русија дури и пред минатонеделното затворање на гасоводот Северен тек 1, покажуваат податоците на Refinitiv Eikon.

Гасоводниот систем на Гаско ги снабдува Велика Британија, Германија, Белгија и Франција со гас, а компанијата го одложи летното одржување оваа година за да обезбеди снабдување со оглед на намалените испораки од Русија.

– Ова лето испорачавме (количината на гас) што вообичаено би ја испорачале во зимските месеци, рече извршниот директор на Гаско, Фроде Леверсунд.

Испораките оваа година веќе се зголемени за еквивалент на 60 терават часови или за 4,97 милијарди кубни метри гас, покажуваат податоците на норвешката компанија.

Во септември ќе извршиме неопходно, планирано одржување што ќе го намали капацитетот, но системот „ќе биде подготвен за почетокот на зимата“ на 1 октомври, рече Леверсунд.

Норвешка сепак ќе испорача повеќе од 117 милијарди кубни метри гас преку гасоводи во 2022 година, што е нов годишен рекорд, во споредба со минатогодишните 113,2 милијарди кубни метри, рече извршниот директор.

– Во следните две до три години очекуваме сличен обем на работи за одржување, што исто така треба да обезбеди континуирано високо ниво на испораки, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Путин: Нема време да се потпише нов договор за транзит на гас со Украина

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви