На илустрациите на новиот BMW M9 кои се објавени на интернет може да се види дека е замислен како спортски двосед, со спуштена предница, со ниско сместени фарови во тесна вдлабнатина која се простира низ целиот преден дел и којa ја опфаќа и маската на ладилникот.
Линијата на покривот се спушта со блага косина кон задните краеви на каросеријата, каде што се наоѓа мал спојлер. Стоп светлата се исклучително тенки, со што дополнително се истакнува ширината на автомобилот, а задните и предните групи на светла содржат LED технологија.