Форум за бизнис-можности и зајакнување на билатералната соработка меѓу Македонија и Мексико

Од:

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Мексико, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Мексико во Република Србија, COMCE – Mексикански деловен совет за надворешна трговија, инвестиции и технологии и ProMexico – Агенција за промоција на меѓународната трговија и инвестиции, утре во Скопје организира бизнис-форум на тема „Македонија – Мексико – Бизнис можности и зајакнување на билатералната соработка“.

Целта на Бизнис-форумот е македонските компании и институции да се запознаат со можностите за соработка со Мексико во делот на меѓусебната соработка и инвестициите со цел продлабочување на трговската размена. Форумот ќе им овозможи на македонските стопанственици да ги зајакнат економските релации, но и да се воспостават нови, повисоки облици на институционална соработка помеѓу двете земји.

На Бизнис-форумот претставниците од надлежните институции од Република Мексико ќе ја претстават својата земја, како и индустриите и секторите во коишто постојат можности и поволности за инвестирање.

Секторите за коишто постојат можности за соработка, како што информираат од Стопанската комора на Македонија се металoпреработувачката/автомобилската индустрија: можности за инвестирање во синџирот на снабдување, обновливите извори на енергија, прехранбената индустрија и креативните индустрии: аудио-визуелни содржини.

На форумот најавено е обраќање на Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Марко Антонио Гарсиа Бланко, амбасадор на Република Мексико во Република Србија, Оскар Хавиер Камачо Ортега, трговскиот советник на ProMexico и претседателот на Управниот одбор на COMCE, Петар Јоксимовиќ.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски