Американскиот автомобилски гигант „Форд“ објави дека ќе намали неколку стотици работни места во Европа што се должи на падот на побарувачката. Работни места ќе бидат укинати во Велика Британија, Германија и во други делови на Европа. Форд има погони и во Белгија и Шпанија.
Форд Европа очекува дека со овој план ќе се укинат неколку стотици работни места, но точните бројки нема да се познати во наредните неколку месеци, истакнуваат. Произведувачот на автомобили ќе понуди отпремнини и ќе ги раскине работните места за хонорарно вработените и оние кои вршат определени услуги во подизведбата.
Од Форд, кој само во Велика Британија вработува 15.000 работници, истакнуваат дека во Европа оваа година би можелЕ да претрпат загуби во висина до една милијарда американски долари.