Форд тестира нов уред за контрола на растојанието меѓу работниците

Од:

Фабриката за автомобили „Форд“ дизајнираше „паметни“ нараквици (алки) кои би ги предупредувале работниците секогаш кога се наоѓаат на помалку од два метри едни од други, пренесува СееБиз.

„Паметните“ нараквици за работниците веќе се тестираат од страна на неколку доброволци во фабриката „Форд“ во Плимут.

Нараквиците работат на принцип на препознавање на други нараквици, и кога се наоѓаат на растојание помало од два метра, тие вибрираат за корисниците да ги предупредат за несакано приближување.

.Овој уред е само една од мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот што Форд би можел да го спроведе во своите погони кога ќе го започне производството на автомобили.

Оптимистичките прогнози велат дека тоа ќе се случи следниот месец, а дотогаш Форд ќе продолжи во неколку свои погоди да произведува медицински респиратори наместо делови за автомобили.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on