„Форбс“ објави листа на најбогатите луѓе во светот на крипто валутите

Од:

Магазинот „Форбс“ објави листа на најбогатите луѓе во светот на крипто-валутите. Листата се состои од 20 бизнисмени кои инвестирале во крипто.

За да се најдете на листата треба да поседувате минумум 350 милиони долари, а просекот на годините на оваа листа е за 25 години помал од листата Топ 400.

Најбогат крипто-милионер е Крис Ларсен, ко-основач на Рипл со богатство кое што се проценува помеѓу 7,5 и 8 милијарди долари. По него следува Џозеф Лубин, ко-основач на Етерум и основач на Консенсис, со богатство помеѓу 1 и 5 милијарди долари.

Топ 10 најбогати луѓе во светот на крипто валутите:

1. Крис Ларсен, ко-основач на Рипл, 7,5-8 милијарди долари
2. Џозеф Лубин, ко-основач на Етерум, основач на Консенсис, 1-5 милијарди долари
3. Чанпенк Жао, директор на Бајнанс, 1,1-2 милијарди долари
4. Тајлер и Камерон Винклевос, ко-основачи на Виклевос Капитал, 900 милиони-1,1 милијарди долари (по човек)
5. Матју Мелон, инвеститор – 900 милиони-1 милијарда
6. Брајан Армстронг, директор Коинбејс – 900 милиони-1 милијарда
7. Матју Розак, ко-основач на BIoQ и основач на Тели Капитал – 900 милиони-1 милијарда
8. Антони Ди Јорио, ко-основач на Етерум и основач на Џекс енд Децентрал – 750 милиони-1 милијарда
9. Брок Пирс, директор на Биткоин Фондејшн и советник во Блок.Оне – 700 милиони-1 милијарда
10. Мајкл Новограц, директор на Галакси Диџитал – 700 милиони-1 милијарда

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

А1он

„Бинанс“ вложува 200 милиони долари во Форбс

А1он

Меркел им отстапи место на највлијателните жени според „Форбс“, првпат по 11 години

А1он

Роналдо е најплатениот фудбалер во светот оваа сезона

„Форбс“: Богатството на Маск се зголеми за околу 10 милијарди долари

Катерина Ѓуровски