„Форбс“: Европа треба да се загрижи од грчко-руската соработка

Од:

Слободата и отвореноста кои имаат направено толку многу за Европа, се поткопани од заканата за екстремизам, немири на нејзините географски рабови, како и зголемување на популизмот, пишува денеска „Форбс“ во коментар под наслов „Грчко-руска соработка: Уште една работа за која Европа треба да се загрижи“.

– Има времиња кога се чини дека Европа е заглавена во славното минато. Меѓутоа, сега ЕУ нема друг избор освен да ги извалка рацете. Не може само да ги заштитува извозот и договорите за снабдување. Треба да ја комбинира геополитичката акција со своите економски интереси, пишува весникот.

Според „Форбс“, земјите кои комбинираат авторитарна власт со капитализам се во можност брзо и тешко да нападнат, а како пример ја наведува руската окупација на Крим.

„Стилот на Путин е поздравен во некои делови на Европа. Тој мудро ги употребува таквите канали, со цел стегнатата тупаница на Европа да се претвори во млитава рака. Националниот фронт на Марин ле Пен добива големи суми на пари од Русија и грчкиот премиер Алексис Ципрас има направено неколку потези и договарања со Путин за да поттикне поблиска соработка. Ова се само неколку примери за тоа како Кремљ се вовлекува во европскиот популизам, со што ја ослабува Европа и ги поткопува обидите за решавање на кризата во Украина. Во секој случај, многу европски компании се далеку од среќни со санкциите. Ако Москва успеа да се ’инфилтрира’ во европската политика на голема врата, веќе несигурниот фронт против Русија би можел да се урне“, пишува весникот.

Планираната руско-грчка соработка е загрижувачка, бидејќи Грција е геостратешко жариште. Весникот напоменува дека таа е лоцирана во „невралгичниот агол“ на Средоземното Море, во близина на Балканот, Турција – со која го има лош однос – и Сирија. Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, и после арапските револуции и бунтови, Грција стана уште поважна, а особено сега кога постои можност за нови ерупции на Балканот, како Босна која е политички нестабилна.

„Форбс“ нагласува дека Грција е важна и од поморска перспектива. На Егејското море е клучна за превоз во индустријата, до телекомуникациите, како и од одбранбен агол. Во исто време, Русите имаат една поморска база во Средоземното Море, во Тартус (Сирија), додека НАТО има база на Крит.

„Грчкиот колапс, исто така, ќе биде катастрофа и ако земјата го сврти грбот на НАТО. И на крајот, во водите околу Грција беше пронајден природен гас, што предизвика интерес кај многу играчи. Се на се, не е изненадување дека Москва, Пекинг, Вашингтон и Брисел сакаат да ја придобијат грчката наклоност. Се разбира, програмата за штедење наметната од страна на Брисел значи дека ЕУ себеси си е најлош непријател – дури и ако цврстиот економски став против новата влада е оправдан сам по себе“, коментира „Форбс“.

Покрај флертувањето со Русија, грчкиот премиер ја обвини Европа за „миопска фиксација на економијата“. Сепак, советниците за одбрана и надворешна политика ќе ги натераат Ангела Меркел и останатите европски лидери да се соочат со геополитичките факти, нагласува весникот.

„Бидејќи политичарите се преокупирани со Грција, тие се помалку имаат време и политички капитал на располагање за решавање на украинските проблеми. Некои земји го гледаат проблемот од економска гледна точка. Тие сакаат да ги заштитат нивните трговски односи со Русија“, пишува „Форбс“ додавајќи дека „други се плашат дека Путин нема да може да се запре ако Западот му дозволи да се извлече со убиство, а трети ќе чекаат да бараат конфронтација со Западот“.

Покрај грчките и украинските проблеми, Европа се соочува со зголемување на популизмот паралелно со заканите од екстремизам. По победата Сириза, постои шанса левичарските популисти да дојдат на власт и во Шпанија. Во Франција, постои реална можност Марин Ле Пен во не толку далечна иднина да стане претседател, заклучува весникот. ј

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

А1он

„Бинанс“ вложува 200 милиони долари во Форбс

А1он

Меркел им отстапи место на највлијателните жени според „Форбс“, првпат по 11 години

А1он

Роналдо е најплатениот фудбалер во светот оваа сезона

„Форбс“: Богатството на Маск се зголеми за околу 10 милијарди долари

Катерина Ѓуровски