Форбс: Епл и понатаму највреден светски бренд

Од:

Вредноста на брендот Нетфликс за една година се зголеми за 72 проценти и изнесува 26,7 милијарди долари, според најновата листа на Форбс највредни светски брендови, додека на прво место, како и минатата година се наоѓа Епл, чија вредност се проценува на 241,2 милијарди долари.

Гугл е на второ место со вредност од 207,5 милијарди долари, а меѓу првите пет се и Мајкрософт (162,9 милијарди долари), Амазон (135,4 милијарди долари) и Фејсбук (70,3 милијарди долари).

На листата помеѓу првите десет се наоѓа и Кока-Кола, Дизни, Самсунг, Луј Витон и МекДоналдс.

Минатата година меѓу првите десет беше и Тојота, но компанијата годинава загуби седум проценти од вредноста и сега е на 11. место. Додека Фејсбук и Самсунг годинава изгубија 21 односно пет отсто од вредноста.

Значителен раст на вредноста на брендот остварија Шанел (42 проценти), Амазон (40), Мајкрософт (30) и ПајПел (24 отсто).

Вкупната вредност на 100 најскапи марки е 2,54 билиони долари. Повеќе од 50 се американски компании, 10 се од Германија, девет од Франција, од Јапонија – шест и од Швајцарија – пет.

Би можело да ве интересира

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година

Ана Ололовска

ЕУ го обвини Епл за кршење на антимонополските правила

Ана Ололовска

„Епл“ ги зголемува инвестициите во САД, во следните пет години планира да вложи 430 милијарди

Жарко Настоски

Џеф Безос четврта година по ред е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Форбс: Ворен Бафет во клубот на најбогатите со повеќе од 100 милијарди долари

Ана Ололовска

Епл повторно на врвот на листата највредни брендови

Ана Ололовска