Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија размената на податоците по електронски пат ќе ја остварува и со Фондот на Република Српска

Од:

Во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е потпишан Договор за електронска размена на податоци. Договорот го потпишаа директорот на Фондот, Никола Мемов и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Српска, Младен Милиќ.

Директорот на Фондот на ПИОСМ, Мемов рече дека со потпишувањето на овој Договор се заокружува регулирањето на размената на податоците од оваа област со државите од поранешна Југославија и претставува чекор напред во соработката што е секако во интерес и на корисниците на услугите на Фондот. Тој додаде дека соработката со Фондот на Република Српска во наредниот период треба да се прошири со размена на други податоци од интерес на двата Фонда, а со што ќе се олесни и забрза процесот на остварувањето на правата од оваа област.

Директорот на Фондот на ПИО на Република Српска, Милиќ, истакна дека потпишувањето на Договорт е заоркужување на еден процес кој треба да придонесе во точноста на податоците кои се користат и разменуваат. Тоа, како што потенцира Милиќ, ќе овозможи да се исклучат можните грешки и да се подигне квалитетот на услугите за осигурениците од двете земји.

Договорот предвидува размена на податоци потребни за редовна исплата на пензија поради спречување на неосновани исплати поради смрт на корисникот на пензија меѓу Фондот на ПИОСМ и Фондот на ПИО на Република Српска. Со него се регулира и целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците кои се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната запштита.

На средбата беше потпишан и Технички Протокол за спроведување на Договорот, од страна на Нехат Мустафа, директор на сектор за информатика и Велибор Максимовиќ, помошник директор за информатичка технологија. Исто така беа назначени и контакт лица за непречена и навремена комуникација за сите прашања што ги покрива истиот.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Сојузот на здруженија на пензионери , Промедика Офталмологија и Систина Офталмологија

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

Мемов: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар, Горан Герасимовски

Горан Наумовски

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Мемов: Дали Газменд Максимовски кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на улица Самоилова?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Генерал Горанчо Котевски, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ за носител на Советничката листа за град Скопје