„Фолксваген“ повторно ја одложува одлуката за отворање фабрика во Турција

Од:

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ повторно ја одложи одлуката за изградба на нов производен погон во Турција.

-Имаме уште време и можеме тоа сигурно да го спроведеме до средината на годината, изјави неименуван извор за британските медиуми.

Изворот запознат со одлуките во комапнијата вели дека Надзорниот одбор нема обврска да донесе одлука до крајот на февруари.

Уште во декември, пренесуваат германските медиуми, од „Фолксваген“ беше кажано дека одлуката ќе биде донесена во февруари.

„Фолксваген“, заради турската воена офанзива во Сирија, минатата есен ја замрзна одлуката за инвестицијата тешка повеќе од милијарда евра во оваа земја.

Планот е во градот Маниса, во непосредна близина на Измир, да се изгради погон со годишен капацитет на производство од 300.000 автомобили, во вредност од милијарда долари и 4.000 вработени. Предвидено беше до крајот на оваа година да се почне со изградбата, а производството на автомобилите беше планирано за 2022 година.

И покрај одложувањето на одлуката, концернот истакнува дека не бара алтернтивна дестинација. Србија, Бугарија и Романија изразија интерес да ја добијат оваа голема инвестиција, но „Фолксваген“ се одлучи за Турција.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on