Фолксваген не планира натамошно одлагање на испораките

Од:

Фолксваген има намера во август да почне со испорака на електричните автомобили ИД 3, и не планира да го намали бројот на работни места доколку се продолжи со производството во фабриките само надвор од Кина, поради корона-пандемијата, објави „Фајненшл тајмс“.

Најголемиот светски автопроизводител се соочува со фиксни трошоци над две милијарди евра неделно. Но, во овој миг нивните погони во Европа не работат, па поради тоа, може да се соочат со проблеми ако не продадат доволно електровозила годинава.

– Се бориме да ги испочитуваме датумите, изјави Франк Витер, главен финансиски директор на компанијата, признавајќи дека Фолксваген веќе има проблеми поради затворањето на погонот во градот Цвикау.

– Не сметаме дека затворањето до јуни е опција. Сепак, законската рамка и подготвеноста на купувачите повторно да размислуваат за купување автомобили, ќе биде клучен фактор, истакна Витер.

Се проценува дека глобалната автомобилска индустрија оваа 2020 година ќе претрпи поголем пад отколку за време на финансиската криза, со околу 10 милиони помалку продадени возила.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска