Фолксваген КросБлу – кросовер за млади модерни семејства

Од:

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ на Саемот на автомобили во Детроит го претстави новиот концепт кросовер „КросБлу“, кој е наменет за младите модерни семејства.

„КросБлу“ дели платформа со „Пасат“ и најверојатно ќе се произведува во фабриката во Тенеси, а почетокот на производството е планирано за 2015 година.

Најинтересно кај овој кросовер е дизел-електричниот „плаг-ин“ хибриден систем за кој од Фолксваген тврдат дека наспроти моќниот мотор од 306 коњски сили ќе има и неверојатна потрошувачка од само 2,6 литри на 100 километри.

Сепак „КросБлу“ останува само концепт автомобил, со што во иднина сигурно ќе се менуваат и неговите перформанси.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on