Финската Влада купи 3,3 отсто акции во „Нокиа“ за околу 844 милиони евра

Од:

Финската Влада купи 3,3 отсто од акциите во „Нокиа“ за сума од 844 милиони евра, со цел да го зајакне своето влијание врз тој производител на опрема за телекомуникациски мрежи.

– Веруваме дека тоа ќе биде добра инвестиција. „Нокиа“ е најголема финска компанија, а државната сопственост во неа досега беше многу скромна, ја објаснува одлуката извршниот директор на државната холдинг компанија „Солидиум“, Анти Макинен.

Тој истакна дека за нив се „привлечни силните пазарни позиции на компанијата и широкото технолошко познавање“.

– На претстојното акционерско собрание „Солидиум“ нема да бара место во одборот на „Нокиа“, но во иднина би можела да се разгледа и таа опција, нагласи Макинен.

Според него, холдингот оваа година почнал да игра активна улога во одборите на компаниите, во кои има сопственички удел.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски