Финска, чија економија се намалува трета година по ред, го допре дното. Според експертите на банката „Нордеа“, се очекува економско заздравување во Финска по отприлика половина година, со стимулативна помош од странство, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Добра вест е дека финското БДП сега најверојатно го допрело дното, се истакнува во извештајот на „Нордеа“ во кој се анализираат изгледите на финската држава на пазарот на обврзници.
Финска, чија коалициска Влада, формирана вон партиско-политичките блокови, се подготвува за парламентарните избори на 19 април, во прва рака има проблем со стагнацијата на извозот.
Извозот во Русија доживеа пад од 14 проценти, како последица на санкциите поради конфликтот во Украина и контра-санкциите воведени од страна на Москва.
Освен тоа, присутна е и слаба домашна побарувачка во Финска, додека потрошувачката не ги надминува нивоата од 2008 година. Песимситичките проценки негативно се одразуваат и на инвестициите и движењата на пазарот на трудот, пишува „Свенска дагбладет“.
Стимулативнан помош за излез на финската економија од рецесијата се очекува да дојде од зголемувањето на побарувачката во САД и во евро-земјите како Германија и Холандија.
Моментно прогнозите за економскиот раст во Финска во 2015 година варираат околу нулата.