Финални договори за формирање на Азиската економска заедница

Од:

Во Куала Лумпур денеска започна првата фаза од завршните договори за поставување на правилата на Азиската економска заедница, која треба и формално да биде прогласена на 31 декември годинава.

Заедницата, која ќе функционира на речиси идентични правила што се пракса во Европската унија, во почетокот ќе биде составена од десетте држави од југоисточна Азија членки на АСЕАН, Овие држави сега имаат 600 милиони жители и национални економии од над 2.500 мијарди долари.

Во оваа фаза на преговори во Куала Лумпур високи функционери на министерствата за финансии ќе ги пеглаат евентуалните разлики во ставовите за заедничката монетарна политика.

На крајот на месецов, првиот договор ќе го верификуваат министрите за финансии на Малезија, Филипините, Брунеи, Сингапур, Индонезија, Тајланд, Виетнам, Камбоџа, Лаос и Мјанмар.

Асоцијацијата на државите од Јгоисточна Азија (АСЕАН), кој до сега повеќе функционираше како политичка организација, е оформена во 1967 година од страна на Индонезија, Тајланд, Малезија, Филипините и Сингапур.

Би можело да ве интересира

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска

Индексите на азиските берзи пораснаа од најниските нивоа во последната година

Ана Ололовска

Раст на цените на акциите на Азиските берзи

Си: Кина нуди 1,5 милијарди долари за развојна помош на земјите од АСЕАН

Ана Ололовска

На Азиските берзи зголемени цени на акциите, доларот ослабна

Ана Ололовска

На Азиските берзи пад, доларот зајакнува

Ана Ололовска