Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси

Од:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска беше во посета на Свети Николе, каде што имаше средби со граѓани и со земјоделци, на кои што разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од овој регион. Филипче нагласи дека криминалната власт на ВМРО во среде криза ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси.

-Граѓаните ги споделуваат со нас секојдневните проблеми огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. На огромни трошоци за горивото коешто достигна и 105 денари за литар, нема никаква помош за ниту една критична категорија на граѓани на коишто им е навистина потребна. Пензионерите се со најмалите пензии, социјалните случаи, семејствата со многу деца и луѓето со минимална плата – рече Филипче.

Филипче посочи дека СДСМ во Собранието предложило мерки за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и финансиска поддршка за земјоделците погодени од кризата. Тој порача, власта да ги разгледа овие предлози и да одговори на барањата на граѓаните.

-Разговаравме за нашите предлози во Собранието, предлог Закон за зголемување на минималната плата од 600 евра и предлог Закон за поддршка финансиска во оваа криза во која се наоќа земјоделството, за што се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка, односно дека барем еднаш во овој изминат период ќе го слушне гласот на народот – рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Светскиот ден на туризмот низ вкусови: Една трпеза, многу дестинации

Филипче: Се сомневам дека оваа влада воопшто сака да го продолжи европскиот пат

Филипче: Недостигаат милијарда евра за исплата на пензии

Филипче: Една недела Мицкоски на екскурзија во САД, а ниту една конкретна средба или резултат за Македонија

Катерина Ѓуровски

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Предраг Петровиќ

Поскапува дизелот за 5,5 денари по литар

Предраг Петровиќ