Фич: Кредитниот рејтинг ББ+, стабилни прогнози за Македонија

Од:

Кредитната агенција „Фич“ го потврди постоечкиот кредитен рејтинг на Македонија ББ + со стабилна прогноза.

Фич ја намали прогнозата за раст на БДП на 0,5 отсто.

Краткорочниот рејтинг, според соопштението на агенцијата, е оценет со Б. Фич анализира дека Македонија има добар баланс на ниска инфлација, умерен буџетски дефицит и низок јавен долг како и банкарски систем кој е добро капитализиран, наспроти високата стапка на невработеност, ограничената флексибилност на фискалната политика и релативни полтички ризици.

Според Фич, евентуално решение на спорот со Грција и влез во ЕУ ќе доведе до позитивни движења на кредитниот рејтинг, а етничките тензии можат да го однесат рејтингот надолу.

 

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана