Меѓународната рејтинг агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар од Б на Б минус.
Според „Фич“, Кипар не може да се справи со дополнителните економски потреси, покрај тоа постои опасност спасувачкиот план од 23 милијарди евра да не ги даде очекуваните резултати.
Агенцијата наведува дека Кипар може да падне во поголема рецесија од очекуваното, а долгот да биде повисок од 126 проценти од бруто домашниот производ.