„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на пет словенечки банки

Од:

Бонитетната агенција „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на пет словенечки банки, вклучувајќи ги и двете најголеми – НЛБ и НКБМ, наведувајќи го како причина бавното решавање на проблемите во банкарскиот сектор.

Агенцијата го намали рејтингот на НЛБ и Нова КБМ за три степени (од ВВВ- на ВВ-), Банката Цеље, филијала на НЛБ (на В), Горењска банка (на В-) и Пробанка (на СС), со што кредитните оценки на најголемите словенечки кредитори се намалени на неинвестициско ниво.

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на две банки – Вип Абанка и Банката на Копар (В-).

Агенцијата проценува дека само за докапитализација на НЛБ и НКБМ се потребни 1,6 милијарди евра, односно 4,5 отсто од словенечкиот бруто домашен производ. Дополнителни 400 милиони евра се потребни за докапитализација на третата по големина банка во Словенија – Вип Абанка.

„Фич“ не исклучува ново намалување на рејтингот на словенечките банки, имајќи предвид дека сите, освен Пробанка, имаат негативна прогноза, но оваа банка и онака има најнизок кредитен статус меѓу наведените.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана