Фиaт, Крајслер, Пежо, Ситроен и Опел сега се во една компанија – „Стелантис“

Од:

Акционерите на Фијат Крајслер (ФЦА) денеска изгласаа спојување со француската групација Пежо-Ситроен-Опел (ПСА), со што е создадена четвртата по големина автомобилска компанија во светот. Новата компанија ќе се вика Стелантис.

Извршниот директор на ПСА Пежо, Карлос Таварес и претседателот на Фиат Крајслер Џон Елкан, ја истакнаа „историската важност“ на спојувањето на компаниите (вредно околу 37 милијарди долари) кои „помогнаа да се испишат индустриските истории на САД, Франција и Италија“.

– Минуваме низ ера на промени во нашата индустрија. Веруваме дека следната деценија ќе ја редефинира мобилноста што ја знаеме сега. Ние и нашите партнери од ПСА имаме намера да играме водечка улога во градењето на иднината, таа идеја не здружи, рече Елкан на онлајн состанокот на акционери.

Новата компанија ќе произведува 8,7 милиони автомобили секоја година, а доколку ги задржи сегашните резултати на нејзините компании-ќерки, ќе има профит од над пет милијарди евра годишно.

Спојувањето беше договорено заради намалување на трошоците, но прашање е дали тие ќе можат да изградат бренд и да зачуваат работни места на пазар кој сè уште е под влијание на пандемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on