Фестивал на младо вино во винаријата „Тиквеш“

Од:

Трета година по ред во винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци се одржува Фестивал на младо вино.

– Целта на настанот е да се проба младото вино на винаријата и да се оцени неговиот потенцијал. Тоа е дел од нашата определба за подигнување на винската култура во Македонија преку популаризација на нашето вино баш на овој посебен ден. Денот е симболичен затоа што третата недела од ноември обично важи како ден кога се отвараат бочвите и имаме единствена можност да го пробаме виното и нормално стручните лица  дополнително да го оценат неговиот потенцијал, вели директорот на „Тиквеш“ Игор Илиевски.

Тој додава дека енолошки тим винарската визба веќе има одредени оценки и оти генерално бербата е оценета како одлична, а вината со одличен потенцијал.

– Оваа година сакаме да ги промовираме таканаречените четири звезди или четирите најдобри вина кои имаат најдобар потенцијал во моментов. Тоа се темјаниката и шардонето од белите вина и вранецот и мерлото од црвените, додава Илиевски.

Денеска се дегустира младо вино кое не е сеуште наменето за продажба.

Винаријата се обидува да го освои американскиот пазар, а како што вели Илиевски, сериозни поместувања напред имало и при продажбата во скандинавските земји.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8