ФЕД: Обновата на американската економија зависи од контролата на вирусот

Од:

Првиот човек на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, на сослушување во Конгресот изјави дека обновата на американската економија зависи од тоа како земјата ќе го контролира ширењето на коронавирусот, но не очекува тоа да се случи набргу.

„Производството и вработеноста остануваат на многу пониско ниво споредбено со пред пандемискиот период, и постои голема непознаница кога и колку силно ќе настапи економската обнова,“ изјави Пауел на сослушување пред Комитетот за финансии при американскиот Сенат.

Тој додаде дека најголем дел од таа непознаница се должи на неодреденоста како ќе се развива болеста и ефектите од мерките за нејзино задржување.

„Малку веројатно е да се случи целосна обнова на економијата ако јавноста не е уверена дека болеста може да се задржи,“ истакна Пауел.

Во изминативе три месеци САД беа на удар на епидемијата и мораа да воведат карантин низ целата земја, при што запреа бизнисите, а без работа останаа повеќе од 44 милиони луѓе.

Пред пандемијата, економската активност на САД беше во полна брзина – историски, невработеноста во земјата беше најниска од сите изминати години по Втората светска војна а во декември 2019 година, беше прогнозиран раст од 2 проценти на бруто домашниот производ (БДП) за 2020 година.

Но, епидемијата предизвика многу средни и мали бизниси да пропаднат, а економистите прогнозираат БДП да отиде во минус во второто полугодие.

„Невработеноста можеби го допре дното во мај, и сега гледаме релативно намалена стапка, но тоа е само во некои категории, како услужните, и кај дел од популацијата, како Јужноамериканците,“ изјави Пауел.

Тој истакна дека економските активности ќе го допрат дното во второто полугодие а обнова може да се очекува во текот на 2021 година, но дека сепак најмногу зависи од тоа „како ќе се контролира вирусот“.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија