ФЕД: Кризата поради Ковид-19 е различна од Големата депресија

Од:

Економската криза предизвикана од пандемијата Ковид-19 има фундаментални разлики со Големата депресија, и економскиот раст на САД треба да продолжи побрзо и покрај многу високата невработеност и длабоката рецесија. Топа го нагласи шефот на Федералните резерви на САД, Џeром Пауел во интервју за Си-би-ес.

Тој тврди дека не може да има нова Голема депресија како од 30-те, бидејќи економијата напредуваше пред пандемијата, банките биле солидни и властите презеле соодветни мерки.

Но, според Пауел, може да има пик на невработеноста од 20 до 25 проценти и падот на американскиот БДП за вториот квартал би можел да биде околу 20-30 проценти. Пауел смета дека сега е важно да се контролира пандемијата во отсуство на вакцина или третман што ги докажал своите терапевтски способности.

Во САД се води дебата помеѓу поборниците на брзо отворање на економијата и оние кои сакаат бавен и разумно рестартирање за да се избегне втор бран инфекции.

– Нештата што се важни во моментот се медицинските индикатори. Тоа е ширењето на вирусот. Тоа се сите работи поврзани со него, како што се мерки за физичка оддалеченост, рече Пауел.

По повод оваа полемика, шефот на централната банка рече дека Фед не треба да даваат совети за рестартирање, но додаде дека колку повеќе луѓето се штитат од инфекција, толку побрзо може да се отвори економијата.

Би можело да ве интересира

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Трамп бара итно намалување на каматните стапки

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ