Фазлиу: 2019-та ќе биде година на финансиска консолидација на општините

Од:

Оваа година ќе биде година на финансиска консолидација на општините, обезбедување на нивна поголема функционалност и подинамичен рамномерен регионален и локален развој, со подобрување на комуналната инфраструктура и условите на живеење, особено во помалите и руралните општини, рече на денешната прес-конференција министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу претставувајќи ги годинашните активности и проекти на ресорното Министерство.

Министерот нагласи дека лани со 4,5 милиони евра од буџетот на Министерството за локална самоуправа се финансирани вкупно 98 проекти за развој на планските региони, за развој на селата и подрачјата со специфични развојни потреби за инфраструктурни зафати или пак подготовка на техничка документација за изградба на локална патна, канализациска или водоводна мрежа, прочистителна станица или други интервенции кои што ги решаваат проблеми на граѓаните.

-Оваа година ќе ќе биде поуспешна од претходната, ако се има предвид дека буџетските средства за проекти за рамномерен развој во однос на 2018 година се зголемени за над 50 отсто, а средствата за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка за 100 отсто, истакна министерот Фазлиу.

Министерот рече дека годинава од буџетската Програма за рамномерен регионален развој во осумте плански региони во државата ќе бидат финансирани проекти со вкупен износ од седум милиони евра и дека нивна и цел на Владата е поголемо насочување на средствата во помалку развиените плански региони и села, за сите граѓани да добијат еднаков пристап до услугите од јавниот сектор, без разлика на местото на живеење.

Фазлиу нагласи дека друг значаен аспект за Министерството е реализацијата на проекти за прекугранична соработка, финансирани со средства од Европската Унија преку ИПА Инструментот.

– Со зголемување на средствата за кофинансирање од 100 отсто, Владата ги зголеми можностите за поголема апсорбција на средствата од Европската Унија. Мора да покажеме поголем финансиски и професионален капацитет за транспарентно и одговорно управување со средствата од ЕУ, за да можеме да ги реализираме сите и да се избориме за уште поголеми средства во наредниот програмски период, после 2020 година, рече министерот.

Министерот информира дека годинава ќе бидат објавени нови јавни повици за проекти за прекугранична соработка со Косово со вкупна вредност од 2,5 милиони евра и со Србија во вредност од 1,8 милиони евра.

-Во процес на идентификација е заедничкиот проект од Програмата за прекугранична соработка со Грција, што би се финансирал оваа година, во износ од четири милиони евра. Не е исклучено тоа да биде и изградба на нов граничен премин со Грција „Маркова Нога“ во преспанскиот регион, нагласи Фазлиу.

Министрерот Сухејл Фазлиу нагласи дека во 2018-та година биле склучени годовори за реализација на 40 проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција во вкупен износ од 20 милиони евра и договори за девет проекти од Програмата со Косово, во вкупна вредност од три милиони евра.

-Беа објавени два нови јавни повици за проекти со Бугарија и Албанија. Јавниот повик со Албанија е се уште актуелен, до 1-ви февруари и на располагање ни се нови три милиони евра. Јавниот повик со Бугарија заврши и оваа година ќе бидат потпишани договорите за финансирање на одобрените проекти, за кои од страна на Европската Унија се обезбедени седум милиони евра, истакна Фазлиу.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска